Николина, или скратено Нина, е млада мајка на две дечиња што живее и твори во Чикаго. Таа ужива да го фотографира секојдневниот живот на нејзиното семејство, но нема план да стане професионален фотограф. И тоа никогаш не би ви паднало на памет кога ќе ги гледате фотографиите на нејзиниот Инстаграм профил – тие се толку добро изработени, што ќе помислите дека се дело на вистински професионалец.rnrnНејзиниот профил @mynoisylife (мојот бучен живот), го носи тоа име бидејќи животот понекогаш им е навистина гласен. Некогаш дури и премногу. Од „The Wheels on the Bus“, што е омилена песна на малите веќе трета година, до несовладливи хистерични плачки затоа што не може да се вечераат наполитанки, тие без сомнение се добро познати меѓу своите соседи. Ако сакате да дознаете нешто повеќе за Нина и нејзиното семејство, како и да уживате во нејзините прекрасни фотографии, тогаш прочитајте го нашиот разговор во продолжение…rn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnView this post on Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrn
1. Имаш прекрасни фотографии на твојот Инстаграм профил. Од каде црпиш инспирација, колку време ти е потребно за да подготвиш една објава и како дечињата ти реагираат на твојата желба за фотографирање?
rnБлагодарам. Секојдневието на моето семејство ми е најчесто најголемата инспирација за повеќето од моите објави. Исто така тие се најчесто кратки, бидејќи немам баш време за повеќе. Се трудам да објавувам по една слика дневно поради „engagement“, ама тоа не секогаш ми успева поради сите дневни обврски, а и децата имаат денови кога едноставно не сакаат да соработуваат со мене. 90% од убавите фотографии се направени со реченицата: „Застани убаво, насмеј се и ќе ти дадам лижавче.“ :)rn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnView this post on Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrn
2. Како изгледа еден твој типичен ден (со децата)? Може ли да нè одведеш на една мини тура низ твоето секојдневие? Успеваш ли меѓу сите обврски околу децата да најдеш време и за себе и за своите потреби?
rnУтрата се чист хаос. Не се знае кој плаче, кој мие заби. Мирот и тишината настапуваат во моментот кога ќе ја оставам Матеа во градинка. Јас периодов не одам на работа, па денот го минувам прилично опуштено со Кристиан, којшто е само 2 месеца стар. Најчесто сме или дома или надвор, во зависност од временските услови. После градинка обавезно одиме до парк, во мол или во библиотека, бидејќи тригодишните деца имаат енергија која не се троши. Тие се едноставно неуморни. Кога ќе дојдеме дома следи вечера, бања и на крај, секако, се водиме според добро познатото мото: „Во девет во кревет”. Некогаш 9 може да се претвори и во 11, ама се трудам тоа да е ретко.rnrnПокрај секојдневните обврски, не секогаш наоѓам време да имам средени нокти и коса и да бидам во тек со сè што моментално е во тренд на Нетфликс, но преживувам и често си спомнувам дека ова е само период и дека за многу кратко време веќе нема да им требам толку многу колку денес и малку ќе се ослободам.rnrn
rnrn
3. На многу од твоите фотографии ја има ќерка ти која позира како модел во некоја штосна модна комбинација? Како ја избираш облеката во којашто ќе ја фотографираш? Дали таа има удел во изборот?
rnНе е до облеката, до моделот е… 🙂 Ха-ха се шегувам. За модните комбинации често црпам инспирација од Пинтерест, но многу е лесно да искомбинирате аутфит на дете поради тоа што мислам дека децата изгледаат прекрасно во што било. Матеа има доста голем удел во изборот, и кога ѝ дозволувам да го избере целосниот аутфит, за тој ден најчесто завршува во фустани за принцези, круни, и секако, чанта.rnrn
rnrn
4. Веруваме дека си им инспирација на многу мајки кои те следат на Инстаграм. Доколку некои од нашите мајки читателки сакаат да започнат со ваков тип профил, кои би биле твоите препораки? Од каде да почнат, како да изградат уникатен и препознатлив профил, како да стекнат публика?
rnБидете свои. Црпете инспирација од секаде, но градете свој стил. Вашето секојдневие е уникатно, споделете го и не го заборавајте хуморот. Сликајте на добра светлина и не објавувајте слики со заматени екстремитети, колку и да се слатки. Совршена мајка не постои, но слободно споделете идеја, совет, трик околу бебето/детето. На Инстаграм клучно е да комуницирате. Поврзете се со профили и личности кои го делат вашиот хаос и комуницирајте секојдневно. Јас лично имам веќе две добри пријателки со кои почнав да разговарам токму на Инста, и бидејќи сме во иста фаза од животот, едноставно не ни поминува ниту еден ден без да си пишеме, а кога дозволуваат децата, уживаме и да се чуеме на телефон.rn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnView this post on Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrn
5. Мајчинството ја менува жената. Која е според тебе најубавата работа што произлегува од таа промена?
rnМајчинството е нешто што тешко се опишува со зборови, а е експлозија од емоции. Реално, сум имала периоди на „што ми требаше сега ова”, но мајчинството е оној дел од животот во кој безрезервно вложуваме сè од себе. И време, и пари, и чувства. Да ве гушнат две мали раце коишто едвај ве префаќаат е непроценливо. Едноставно ве тераат да го видите светот низ детските очи и да го доживеете детството пак.rn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnView this post on Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrn
6. И за крај, забележавме дека во твоите Инстаграм објави понекогаш сакаш да споделиш по некоја досетлива мудрост за мајчинството и децата. Која е твојата најважна порака што како родител би сакала да ја споделиш со другите родители?
rnМинувајте време со своите деца, трудете се да го одговорите секое нивно прашање, учете ги да даваат и да помагаат. Не ја задоволувајте секоја нивна потреба, бидејќи скромноста е богатство. Фотографирајте се. Времето лета. Денеска се бебиња, трепнувате и веќе сте во шопинг за ранец за прво одделение. И најважно од сè, кажувајте им секојдневно дека ги сакате.rn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnView this post on Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrnrnИнспирирани од разговорот со Нина, издвоивме и една фотографија од нејзиниот профил со совет што сите родители треба да го прочитаат. Сигурни сме дека и вие ќе се согласите со нејзиното размислување.rn
Моите деца се најдобрите луѓе на целиот свет. Некои луѓе не успеваат да видат дека децата не се само обични екстензии од нас и не успеваат да ги слават личностите што навистина се. Ве молам почнете да ги цените и да ги славите нивните души повеќе од нивните играчки. Детството значи едноставност.
rnПрочитајте го и нашиот разговор со Стефанија Несторовска за здравата исхрана и уживајте во нејзините вкусни рецепти (и фотографии).
