Разнобојни пејзажи со динамично осветлување кои ќе ве остават без зборови

Сподели

Ерик Хајнс успеал да ја сними прекрасноста на природната осветленост која се протега ширум небото во својата спектакуларна колекција на пејзажи. Тој со помош на долга експозиција прави фотографии кои изгледаат нежно и малку замаглено, каде што се забележува флуидното движење на водата и каде што ѕвездите силно сјаат на ноќното небо.

Реклама

Хајнс успева да сними медитативен момент или отсјај од сите овие спектакуларни локации и со тоа им овозможува на гледачите да се пронајдат во овие места и да го доживеат мирот во секоја природна сцена. Смиреноста изобилува со динамична енергија која настанува од богатите и живи бои. Тој во потрага по убавина, често патува и преку неговата работа создава чувство за светот и суштината на местата кои ги посетува.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира