Сте се запрашале ли што се врти во главата на вашиот партнер за време на состаноците?
rn
Главни улоги: Анели Типтон, Џејк Мекдорман, Николас ВрајтrnrnЖанр: комедијаrnrnКреатор: Џеф ЛоуелrnrnПремиера: 30 септември 2014rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 30 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnОваа интересна и едноставна ТВ серија нè води во главите на Дејна (Анели Типтон) и Питер (Џејк Мекдорман) кои се на почетокот од една необична љубовна врска. Дејна се преселила во Њујорк со цел да ја работи работата од нејзините соништа и додека „застане на свои нозе“ живее кај својата пријателка Ејми и нејзиниот сопруг Дејвид. Ејми со цел Дејна да не се чувствува како трето тркало ќе го убеди нејзиниот сопруг да му каже на неговиот брат, Дејвид, да ја покани Дејна на состанок. И токму тогаш ќе започне една од најнесекојдневните врски кои некогаш сте ги виделе.rnrn
rnrnПитер, кој е познат како женкар, за првпат во неговиот живот ќе почувствува нешто подлабоко за девојка, додека пак, Дејна која најудобно се чувствува во сериозна и стабилна врска, ќе почне да ги открива сите оние нешта кои состанувањето без обврски ги носи со себе. Но, она што е навистина интересно кај оваа приказна е тоа што во секој момент знаеме точно што тие двајца размислуваат. Нивните внатрешни монолози даваат сосема нова димензија на овој жанр и токму затоа таа се издвојува од останатите нови ТВ серии кои ја обработуваат оваа тема. Да не должиме, ако сте расположени за романтична комедија која е лесна за гледање, „Љубовна приказна во Менхетен“ е одличен избор.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
