Ако не сте го виделе тоа со свои очи, веројатно денес некаде сте наишле на информации дека врне снег. Зимата е пред самиот агол, декември започна, Божиќ се приближува и воопшто не е невообичаено што како гости пристигнаа бели снегулки.rnrn
rnrnЉубителите на снегот веќе можат да ја искористат можноста овие денови да ги направат своите први снежни луѓе оваа зима, но и оние кои малку помалку го сакаат снегот, можат да уживаат во него. А, таму каде што снегот уште не дошол, можеме само да почекаме, но да уживаме во снежните фотографии кои кружат низ социјалните мрежи.rnrnМора да признаете дека има нешто особено волшебно во гледањето снегулки додека седите завиткани во ќебе покрај вашиот прозорец, нели? Замислете сега дека тој прозорец е дел од некоја колиба опкружена идилична околина…rnrnДодека сонувате да одите на такво место, на овие фотографии може да погледнете во планинарска колиба чиј ентериер е богат со дрва, а од кој погледот е кон прекрасните планини. Лесно е да се замисли како ги минуваме студените зимски денови таму додека гори оган во огништето, а грееното вино ги загрева нашите раце.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПогледнете ги овие божиќни венци и украси кои ќе ве инспирираат.
Прекрасна колиба од која би сакале да ги гледаме првите снегулки
