Има еден човек во Јужна Кореја кој прави нешто чудно со една дрвена кутија. Изгледа како кутија во која би добивале пошта, но ако ја отворите, во неа не би нашле писма и пратки. Тој всушност ги „собира“ бебињата на други луѓе кои не сакаат да ги чуваат со цел да им го спаси животот.rnrn
rnrnПастирот Ли Џонг-рак од црквата Џусаранг во Сеул, Јужна Кореја ги замолува луѓето кои имаат деца што не ги сакаат, да ги остават во кутијата, наместо да ги фрлаат по улиците или во ѓубре. И тие го прават тоа. Наместо да ги остават да умрат, тие ги сместуваат во кутијата и потоа Ли се грижи за нив. Кутијата е загреана, со вградени сензори за чад и е залепена за самата црква.rnrn
rnrnСтотици бебиња се напуштени и оставени да умрат на улиците во Сеул секоја година. Овој свештеник ги спасува животите на овие невини дечиња. Би си рекле дека не е можно толку многу деца да остануваат фрлени на улица во текот на само една година, но за жал, така е. За среќа пак, свештеникот и неговото свештенство им овозможуваат живот на голем број вакви деца.rnrn
rnrnДоколку сакате да му помогнете на Ли и да ја поддржите неговата мисија, посетете го сајтот KindredImage.org.rnrn
Она што овој свештеник го прави со туѓите бебиња ќе ве шокира. Но, не на оној начин на којшто мислите!
