rn
9. Технолошкиот универзитет Нанјанг во Сингапур
rnОвој универзитет има зелена архитектура, почнувајќи од градините на покривот, па сѐ до неговиот ентериер.rn
10. Основното училиште Шунд во Кина
rnОва училиште има патеки во воздухот кои оставаат сенки низ целата зграда.rn
11. Забавиште и јасли за деца Ханазоно во Јапонија
rnОва училиште било финалист на светскиот фестивал за архитектура во 2016-та година. Неговите стилски училници изградени од дрво станале тренд во училишните дизајни во Јапонија. Флексибилноста им овозможува на децата лесно да се движат од област за игра, до поформална настава.rn
12. Училиштето за уметност Плајмаут во Велика Британија
rnИсто така и ова училиште било избрано како финалист на светскиот фестивал за архитектура во 2016-та година. Во неговата внатрешност се наоѓаат многу ѕидови украсени со уметничките дела на студентите.rn
13. Гимназијата Рестад во Копенхаген
rnОвде се практикува мешано учење, еден вид образование кое се потпира речиси исклучиво на компјутери и таблети. Децата учат заедно, во големи групи, поголем дел од денот и подалеку од традиционалната настава водена од наставници.rn
14. Гимназијата Васеда во Токио
rnОваа зграда речиси целата е сива, дури и во внатрешноста, каде што има сиви ѕидови и црно бели седишта.rn
15. Училиштето за музичка уметност Гакуен во Токио
rnОва училиште ја добило наградата на светскиот фестивал за архитектура во делот за високо образование и истражување во 2015-та година. Тоа им стои на располагање на личности од сите возрасти, од средно училиште па до магистерски студии и овде има стаклени ѕидови и долги линии за да се создаде чувство на длабочина.rn
16. Руско училиште за балет
rnНадворешноста на ова училиште е едноставна, но кога ќе влезете внатре, не можете а да не ги забележите дрвените и стаклени дизајни.rn
17. Индиско училиштеrn
rnВо Бирмингем, Алабама, постои училиште кое им овозможува на децата да учат и внатре и надвор. Во 2016-та година, американскиот институт за архитектура му доделил награда за дизајн на образовни институции.
Погледнете ги и овие навистина необични училишта на кои ретко кој може да им биде конкуренција!

