Фустаните се неизоставен дел од гардероберот на секоја жена. Изминативе неколку сезони особено популарни се фустаните со принтови кои се идеални за секаква прилика – од дневна прошетка, па сè до ноќно излегување.rnrn
rnrnШироките миди фустани се одлични за девојките со авантуристички дух. Токму овие модели целосно го прикажуваат нивниот карактер. Она што е посебно кај овие фустани е нивната практичност и можноста за комбинирање со разни модни парчиња. Со добар капут и вистинскиот пар чевли, овој модел фустани ви даваат одлична комбинација за секакви случувања. За дневно излегување, овие фустани одлично изгледаат со чизми до глуждот и со голем капут.rnrn
rnrnАко се одлучите за миди фустан за вечерно излегување, можете да облечете чизми над колена или едноставни чевли со високи потпетици. Доброто кај овие фустани е што можете да ги носете во која било сезона – добри се за топлите летни денови, но одлични се и за облекување во слоеви во текот на студените месеци.rnrn
rnrnПогледнете и кои се видовите фустани што секоја жена треба да ги има во својот плакар.
Романтични миди фустани погодни за секоја прилика
