rnrnПочнале да се населуваат сè повеќе и повеќе луѓе кои доаѓале да ловат риби и да работат.rnrn
rnrnИ покрај постојаниот раст на населението, животот овде е тежок. Иако морска храна има во изобилство, целата останата храна и потребни работи за живот се носат со брод. На островот нема вода за пиење. Морнарицата на Колумбија им носела вода, но сега се немаат појавено со месеци. Па, жителите полнат буриња со вода од дожд за пиење и капење. На островот има само основно училиште, па ако децата сакаат да продолжат со образованието мора да одат на друго место. Многу момчиња одбираат да останат на островот и да бидат рибари.rnrn
rnrnЦелта на Кордеро е да го заврши проектот со фотографии до крајот на годината. Вели дека сè уште има важни настани кои треба да се фотографираат, како прославата на Божиќ, родендени и погреби. Бидејќи на островот нема место за гробишта, починатите се закопуваат на соседните острови.rnrn
rn
„Мислам дека животот на овој остров уште долго ќе ме фасцинира. Ова е место кое изгледа како да е излезено од книга на Габриел Гарсија Маркез.“
rn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПогледнете ги и овие фотографии од колоритниот Шангај.
