Оваа куќа под земја во која се влегува низ „хобитска дупка“ нема да ве остави рамнодушни

Сподели

Оваа шармантна и живописна куќа во Бафало, Тексас е целосно под земја и има три спални, две бањи и три дополнителни соби. Во моментов се продава и чини 2.200.000 долари.

Реклама

Куќата нема природна светлина, но декорот е многу светол, па изгледа како пријатно место за живеење.

Сепак, оваа куќа не е само подземен дом. Имотот вклучува и речиси 40 хектари земја, гаража и работилница, а има и езерце.

Во куќата се влегува преку „хобитска дупка“ која е обоена и изгледа како тунел.

Сопственикот на имотот ги имал предвид приватноста и безбедноста при изградбата на куќата. Освен тоа, тој размислувал и за заштитата од торнада.

Куќата е изградена на брдо. Ископале брдо, ја создале структурата, ја изградиле и потоа повторно ја покриле. Секоја соба е уредена во различен стил.

Погледнете ги овие 20 дневни соби со прекрасен поглед.

Популарно

Може ќе ве интересира