Висечките градини на Вавилон се сметаат за едно од седумте чуда на античкиот свет. Антички извори укажуваат дека се работи за градба која личи на скалеста пирамида изградена околу 600 година п.н.е., а на нејзините тераси растеле растенија кои биле наводнувани со вода од Еуфрат.rnrn
rnrnОва светско чудо го доби својот наследник – во Шангај. Минатата година покрај реката Вусонг бил отворен станбено-деловниот комплекс 1000 Trees кој, како што кажува името, е покриен со илјада дрвја поради што е прогласен за вавилонска градина на 21 век.rnrn
rnrnСе работи за проект на британското архитектонско студио Heatherwick за кинеската компанија Tian An кој го дизајнирале комплексот да изгледа како две планини покриени со шума. Монументалните бетонски столбови се користени како еден вид жардинери за секое дрво.rnrn
rnrnКомплексот е покриен со мешавина од листопадни и зимзелени дрвја од локално потекло, како и различни грмушки и цвеќиња. Според некои податоци, досега се засадени околу половина од планираните 250.000 растенија. Овде дрвјата не служат само како украс туку и како природни регулатори на температурата во текот на целата година.rnrn
rnrnОвој комплекс е лоциран на околу 20 минути од центарот на Шангај и се наоѓа во близина на познатата уметничка област M50. Поради тоа не е чудо што јужната фасада на зградата е насликана од локални уметници.rnrnЗасега комплексот располага со продавници, кафулиња и ресторани, а во иднина треба да има и музеј, кино, деловни канцеларии и станбен простор.rnrnОткако прочитавте за вавилонската градина на 21 век, можеби ќе сакате да прочитате и дали иднината на архитектурата лежи во т.н. живи куќи.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr
Ново чудо на архитектурата: Вавилонска градина на 21 век
