КАФЕ ПАУЗА

Неверојатно реалистични уметнички дела кои ќе ви го одземат здивот

Неверојатно реалистични уметнички дела кои ќе ви го одземат здивот

rn

Камалки Лауреано

rnНеверојатно реалистични уметнички дела кои ќе ви го одземат здивотrnrnКамалки Лауреано е талентиран уметник од Доминиканска Република. Тој користи акрилни бои на платно. Според Лауреано, сликањето не е само копија на фотографијата, туку одраз на самиот живот.rn

Пол Каден

rnНеверојатно реалистични уметнички дела кои ќе ви го одземат здивотrnrnЕдинствената техника што ја користи Каден е графитен молив. А тоа е повеќе од доволно за да се пренесе секоја црта, брчка и емоција на човечкото лице со неверојатна прецизност.rn

Метју Корнел

rnНеверојатно реалистични уметнички дела кои ќе ви го одземат здивотrnrnНема луѓе во делата на Корнел, бидејќи тој посакува да живее во свет во кој природата ќе владее како најголемото совршенство.rn

Томас Арвид

rnНеверојатно реалистични уметнички дела кои ќе ви го одземат здивотrnrnТомас Арвид нема формално уметничко образование. Тој е самоук уметник кој со текот на времето го открил она што најмногу го фасцинира – виното. Како последица на тоа, тој создал голем број слики од вински подруми на кои биле претставени шишиња, отворачи за вино, тапи и чаши до најситни детали, што ги прави хипер-реалистички.rn

Брајан Друри

rnНеверојатно реалистични уметнички дела кои ќе ви го одземат здивотrnrnАмериканскиот уметник Брајан Друри завршил на Американската уметничка академија во 2007 година и оттогаш активно создава неверојатно реалистични слики. Тој е добитник на голем број престижни награди во Америка и Европа. Друри најмногу се фокусира на тоа да ја претстави човечката кожа и честопати наоѓа начин да ги открие оние страни од човечката личност кои луѓето се обидуваат да ги скријат.rn

Јигал Озери

rnНеверојатно реалистични уметнички дела кои ќе ви го одземат здивотrnrnЈигал Озери поседува извонредна способност да ја пренесе играта на темнината и светлината, на блесокот и згаснувањето на сонцето и токму поради тоа неговите дела личат на фотографии.rn

Танер Џејлан

rnНеверојатно реалистични уметнички дела кои ќе ви го одземат здивотrnrnПознатиот турски уметник Танер Џејлан црта во хипер-реалистичен стил и најмногу користи акрилни бои. Нема шанси да препознаете дали се работи за фотографија или уметничка слика!rn

Ендру Талбот

rnНеверојатно реалистични уметнички дела кои ќе ви го одземат здивотrnrnСлавниот британски уметник Ендру Талбот е вистинска ѕвезда во уметничкиот свет уште од 2002 година. Извонредниот реализам и впечатливите бои се главните виновници зошто неговите дела се едни од најпознатите во светот.