Јуџин Лушпин е еден од најпрославените руски уметници во светот. Под големо влијание на Руското училиште за реализам, тој создава неверојатни слики кои навидум наликуваат на големи фотографии во боја.rnrn
rnrnСледејќи ја традиционалната техника за цртање на Руското училиште за реализам, како и поседувајќи огромен интерес за ефектот на илузии, во неговите најрани дела може јасно да се забележи голема доза симболизам. Подоцна тој се посветува на усовршување на цртањето текстури на секаков вид површина, па неговите дела сега претставуваат прекрасни пејзажи кои делуваат неверојатно реални.rnrnПоследните неколку години, неговиот интерес се градовите, а во неговите слики веќе се забележува уникатниот начин на кој тој успева да ги долови динамиката и спокојноста на градот. Елемент кој најчесто се појавува на овие слики се крововите на куќите кои ги симболизираат темите од бајките од детството на овој уметник – луѓе кои ги надминуваат проблемите од секојдневието и движењето на светот.rnrnБрилијантната употреба на бои, остриот контраст, лесните импресионистички потези со четка, илузионистичката светлина, сложената текстура и посебно посветеното внимание на деталите ги прават овие уметнички дела импресивни и уникатни. Уживајте!rnrn

Неверојатни уметнички дела кои на прв поглед не знаете што се
