Дали ви здодеа живеењето на копно? Во иднина ќе можете да се пријавите да живеете во заедница на море составена од самоодржливи градби во форма на пирамида напојувани од соларна енергија.rnrn
rnrnДизајнирани од Пиерпаоло Лазарини, овие градби се инспирирани од архитектурата на Маите и Јапонците. Зградите доаѓаат во неколку форми и големини и се дизајнирани за разни намени. Некои од нив се домови, додека некои се направени како градини, хотели или кино сали. Најголемата градба ќе достигнува 30 метри надморска височина.rnrn
rnrnЛазарини ги замислува градбите од стаклена волна, челик и јаглеродни влакна. Ќе бидат инсталирани врз огромни платформи што пловат под кои ќе има и подруми во кои ќе можат да се направат подводни спални соби.rnrn
rnrnСтруктурата е напојувана со соларна енергија. Заедницата ќе има и мало пристаниште. Секоја градба ќе добива енергија од соларните панели на покривот и водните турбини.rnrn
rnrnИако овој проект сè уште е само концепт, Лазарини се надева дека ќе ги собере потребните средства за да почне со изградба.rnrn
rnrnСпоред него, првата и најмала пирамида ќе чини 350.000 евра. Со цел да собере средства тој сака да направи кампања и да им овозможи на луѓето да престојуваат во градбите по цена од 1.000 евра за една ноќ.rnrn
rnrnОние кои го поддржуваат проектот ќе можат да гласаат и за локацијата на пирамидите од понудена листа на предлози.rnrn
rnrn
rnrn
rnrnДоколку сепак повеќе го сакате копното, погледнете ја оваа неверојатна куќа инспирирана од бајките.
Неверојатни самоодржливи пирамиди во кои можете да живеете
