КАФЕ ПАУЗА

Неверојатен хотел сместен на дното на јама

Неверојатен хотел сместен во дното на јама

Written by

in

Британската инженерска компанија „Аtkins“ пред неколку години го откупи правото да изгради хотел на дното на една јама во Шангај, Кина. Темелите на хотелот „Intercontinental Shimao Shanghai Wonderland“ конечно беа поставени минатиот месец, а се очекува првите гости да ги пречека на почетокот на 2015 година.Неверојатен хотел сместен на дното на јамаХотелот кој ќе има 380 соби, распоредени на 19 ката, ќе биде сместен во огромна јама длабока 100 метри. За едно ноќевање во овој несекојдневен хотел ќе треба да одвоите најмалку 240 евра.Неверојатен хотел сместен на дното на јамаИако хотелот е изолиран од градот, гостите нема да треба да се грижат за храната, бидејќи во самиот комплекс ќе има подводен ресторан. Дизајнерите на хотелот се надеваат дека нивната градба во комбинација со егзотичното природно опкружување, ќе го направи овој хотел вистински хит во светот. Особено се очекува, ова место да стане хит за љубителите на скокањето со банџи и качувањето по карпи.rnrn

Неверојатен хотел сместен на дното на јама
Моменталниот изглед на јамата
rn
rnrn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.