Иако со радост ги очекувате празниците, овие денови многу често се исполнети со нервоза, со замор и со чувство на разочарување и малодушност. Дали ве излудуваат или ве депримираат празничните дружења? Дали семејните собири ви претставуваат повеќе напор отколку задоволство?rnrn
rnrnПред да ги обвините своите најблиски за стресот и за напнатоста, разгледајте го вашиот дом и погледнете како тој е украсен за време на празниците. Постојат неколку едноставни совети што ќе ви помогнат да добиете удобна атмосфера со која ќе ги намалите нервозата и напнатоста.rnrnЗа украсување на домот најчесто користите премногу светла црвена боја и многу сјајни и блескави предмети, запалени свеќи и трепкави светилки.rnrnЦелиот тој декор може да придонесе за расправии и за нервоза затоа што тие го стимулираат вашиот ум. Поради тоа, се препорачуваат темнозелени украси за да имате позитивно расположение во вашиот дом. Зимзелените гранчиња, венчињата, украсите и зелените чаршави за на маса во голема мера ќе го намалат прекумерното влијание на црвената боја и премногу осветлениот простор.rnrnЧесто се случува со текот на годините да соберете голем број новогодишни украси бидејќи секоја зима купувате нешто ново, притоа не фрлајќи ги старите. Не ги користете сите украси, изберете го само она што навистина ви се допаѓа и не заборавајте да обратите внимание и на нивната количина.rnrnБидејќи вашиот дом е во голема мера исполнет со мебел дури и без овие дополнителни украси, лесно можете да создадете целосно загушен простор, а тоа доведува до нервоза и расправии. Одеднаш вашиот простор станува многу помал отколку што сте навикнале и сите несвесно станувате по малку клаустрофобични.rnrnДоколку е можно, препорачливо е да отстраните неколку мали парчиња мебел за да се избегне пренатрупаноста и тешкото движење низ домот. Соодветно на тоа, изберете елка со соодветна големина и немојте премногу да ја китите. Преголемата елка ќе го затвори целиот простор на ист начин како да сте ставиле огромен масивен регал во мала просторија.rnrnПродолжете да читате на следната страница…rnrn
Божиќен фенг шуи: Ако сакате мир и добра енергија за време на празниците, направете ги овие работи
