Без разлика дали ви доаѓаат гости на празнична забава или сакате да го поттикнете празничното расположение и да ја украсите куќата за вашето семејство, новогодишното украсување што вклучува традиционални украси е задолжително секоја година.
Идеи за совршено украсена елка или влезна врата можете да најдете на секој чекор, но едни од најголемите површини во домот што копнеат по украси се вашите ѕидови.
Од венци исполнети со бобинки до впечатливи украси, декорирањето на вашите ѕидови претставува едноставен начин преку кој ќе го прикажете празничниот дух, а подолу погледнете неколку идеи како да ги декорирате ѕидовите.rn
Традиционални украси
rnЉубителите на традиционалниот празничен декор најчесто на ѕидот ставаат традиционални новогодишни натписи како што е оној на којшто пишува „Merry Christmas“.rn
Венци со бобинки
rnБез разлика дали станува збор за дневната соба или за влезната врата, вашиот ентериер може да има корист од ѕидот обложен со венци исполнети со бобинки.rn
Винтиџ украси
rnКако и секојдневните винтиџ украси, така и празничните винтиџ украси даваат посебен шарм. Потрудете се да најдете винтиџ скала која можете да ја украсите со ламбички или со традиционални божиќни украси или пак, побарајте некоја стара санка што ќе ја претворите во нова полица.rn
Изложете ги новогодишните чорапи
rnДодајте му празничен дух на празниот ѕид така што ќе обесите трио стилски новогодишни чорапи.rn
Сијалички
rnСите сакаат да имаат вистинска новогодишна елка, но ако живеете во мал простор, тоа веројатно не е најпрактичната опција. Наместо тоа, размислете за осветлена елка направена од сијалички која лесно може да се направи на ѕидот во дневната соба.
Погледнете како да го декорирате домот ако сакате мир и добра енергија за време на празниците.

