Трендовите доаѓаат и минуваат исто како и годишните времиња, особено кога е во прашање модната индустријата и индустријата за убавина. Сепак, омбрето успева постојано да се задржи на висока позиција. За оние кои не знаат што е омбре, тоа всушност претставува тон кој постепено избледува. Овој тренд е применлив на косата, ноктите, облеката, а сега и на ѕидовите! Време е да им кажете збогум на досадните, еднобојни ѕидови.rnrn
rn
Потребен материјал:
rn
- rn011
- Лента за бојадисување
- Бела боја
- Боја во нијанса по избор
- Валјак за бојадисување
- Четка за бојадисување
- Сад за мешање на боите
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn1. Пред да започнете, залепете ја лентата на ќошовите и рабовите. Исчистете ја нечистотијата и прашината од ѕидовите. Заштитете ги штекерите и прекинувачите за светло. Сега можете да започнете!rnrn
rnrn2. Подобро е да одите од посветлата кон потемната боја. Бојадисајте го првиот дел од ѕидот со бела боја. Ако ѕидот не е доволно голем, подобро е да користите четка наместо валјак, бидејќи така премините на боја ќе биде помазни.rnrn
rnrn3. Измешајте 10 делови на фарба во бела боја со еден дел на фарба во боја. Бојадисајте го следниот дел од ѕидот, благо преминувајќи преку белиот дел. Потоа додајте уште еден дел фарба во боја…rnrn
rnrn4. Бојадисајте го следниот дел. Продолжете така сѐ додека не стигнете до дното на ѕидот кој ќе го бојадисате со 100% фарба во боја. Важно е секогаш да бојадисувате во иста насока, на пример хоризонтално, за премините да бидат постепени. Исто така, важно е да ги бојадисувате долните делови додека горните се сѐ уште влажни, за тоновите на ѕидот да се соединуваат еден со друг.rnrn
rnrnРезултатот е фантастичен! Преминот на боите од светли кон потемни ќе изгледа вака добро и на вашиот ѕид доколку успеете да го нанесете следниот слој боја пред претходниот да се исуши. Тоа е единствениот начин за тие беспрекорно да се соединат.rnrnПогледнете како изгледа ова техника на бојадисување и во други нијанси:rn
Нежни розови нијанси за детска соба
rn
rn
Виолетова и розова за ефект на зајдисонце
rn
rn
Модерно сива
rn
rn
Виолетовата и белата боја секогаш изгледаат одлично
rn
rnrnДоколку ви е потребно освежување во вашиот дом, освен бојадисаниот омбре ѕид, погледнете ги и овие дизајнерски трикови кои целосно ќе го променат изгледот на вашиот дом.