Доколку сте ја сретнале оваа фотографија додека пребарувате на Интернет, можеби изгледа како да нема ништо друго освен добар кадар на пеперутка која ужива врз сончоглед. Веројатно ќе ви биде потребно време да сфатите што всушност има на фотографијата и ќе треба многу внимателно да погледнете за да го забележите вистинското ремек-дело, пеперутката е всушност човек!rnrn
rnrnЛиковниот уметник кој се изразува преку сликање на тело, Јоханес Стотер користи боја и ги камуфлира своите живи модели во околината или реинтерпретира разни форми кои ги гледаме околу нас, од животни до неживи предмети, како на пример, чевли. Вештото сликање и облините на живиот модел ги комбинира совршено, саздавајќи оптичка илузија која изгледа неверојатно реално.rnrnОвој италијански уметник е познат ширум светот по неговото сликање на човечки тела, има добиено голем број награди, а голем број од неговите уметнички дела станале вирални. Неговата последна илузија наречена Пеперутка била посветена на неговата мала ќерка Линеа, и верува дека тоа е неговото најдобро уметничко дело досега.rn
Погледнете ги неговите уметнички илузии и обидете се да ги забележите голите насликани тела на нив!
rnОва видео покажува како сликата на пеперутка „се открива“ пред вашите очи:rnrnhttps://youtu.be/ijEzz5pSlaQrn
На совршената уметничка илузија како оваа ѝ се посветуваат недели на планирање и часови прецизна работа
rn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rn
Повеќе неверојатни дела сликани на тело од Јоханес Стотер
rn
rnrn
rnrn
rnrnМожеби сакате да прочитате и за овој уметник кој преку провокативни дигитални илустрации ги покажува недостатоците на нашето современо општество.