Лондонскиот артист Jaroslav Wieczorkiewicz направил модерни интерпретации на класичните пин-ап девојки, со помош на хај-спид течна фотографија.rnrn
rnrnТој го создал овој разигран проект т.н. „Milky Pin-Ups“, за чии потреби убави манекенки позираат пред апаратот, облечени во шик, течни фустани направени од млеко. Артистот објаснува дека проектот бил „направен од млеко, замрзнат во времето и претворен во висока мода“.rnrn
rnrnЗа да го создаде секој млечен фустан, артистот и неговиот тим фрлале млеко врз моделките и направиле стотици фотографии. Благодарение на хај-спид фотографијата, секоја капка може да се види во најпрецизен детаљ. Големиот број фотографирани плискања со млеко, потоа биле дигитално споени, за да се добие модерен аутфит кој совршено се прилепува на свиленкастата кожа на моделките. Тимот за инспирација, се послужил со пин-ап сликите на Гил Елвгрин и други артисти, повторно создавајќи ги тие секси сцени со живи бои, но овој пат со модерна инвентивност.rnrn

rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
