На врвот на холивудските ридови се наоѓа извонреден дом изграден од израелскиот архитект Јечиел „Ели“ Јогев. Со големина од 790 метри квадратни, тој е еден од најуникатните во околината на Беверли Хилс и пошироко.
Оваа „тврдина“ има базен на кровот, трем, внатрешен лифт, подрум за вино со стаклен под кој собира до 500 шишиња, високи плафони и стаклени ѕидови со височина од 6 метри. Осветлените водени патеки, увозните камења од Ерусалим, песочните камења, махагоните ѕидови и базалтните камени патеки се само неколку од многуте работи кои ги оставаат без здив сите оние кои ќе ја посетат куќата.
Главниот дел на куќата е поврзан преку челичен мост со тремот на кровот каде што се наоѓа и базенот.
Домот има 4 спални, кујна и 6 тоалети вклучувајќи ги и оние од гостинската куќа. Во главниот апартман има рачно изработени стаклени врати, телевизор кој е истовремено и огледало, приватен трем, спа-тоалет и голем гардеробер.









rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
