Следните неколку фотографии носат заедничко име „Самотија“. Тие се дело на фотографот Жил Моне, кој во планините во Швајцарија пронашол идеално место за релаксација и медитација. На сите нив е фотографиран тој самиот, прикажан како премногу мал во споредба со природата, но претопен со неа така што може целосно да ја впие нејзината смиреност.
И покрај тоа што прави извонредни фотографии, Моне сепак е само фотограф-аматер. Вели дека најмногу сака да ги слика ноќта, планинските пејзажи и самотијата.rnrn
„Спојот на овие теми има тенденција на претставување на одредена чистота во набљудувањето на природата. Пејзажот го повикува гледачот да се претопи со сликата, да започне медитативно да ја набљудува и да почувствува единство со природата“.
rn







rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
