Ни се допаѓало тоа или не, секојдневно сме опкружени со луѓе кои или ќе нѐ расположат или ќе нѐ налутат, некои ќе ни го разубават денот, а некои можеби ќе нѐ растажат. На еден или друг начин, барем еднаш во денот ќе ја почувствуваме таа негативна енергија околу нас која за момент е способна да нѐ обземе и нас. Но она што е многу важно да го имаме на ум во тие моменти, е дека туѓата негативност не мора да биде и наша. А во улога на потсетник се секогаш добредојдени изреки како следниве.rnrn
rn
„Големите души секогаш се соочувале со насилно противречење од страна на просечните умови. Просечниот ум не е способен да го разбере човекот кој одбива слепо да се поклонува пред конвенционалните предрасуди и наместо тоа, избира храбро и искрено да ги изрази своите мислења.“ – Алберт Ајнштајн
rn
„Ако егоманијак значи дека верувам во тоа што го правам и во мојата уметност и музика, тогаш може да ме викате така… Верувам во тоа што го правам и го кажувам тоа.“ – Џон Ленон
rn
„Што и да посакате да направите, постојат многу луѓе кои ќе ви кажат дека тоа е невозможно. Но сѐ што е потребно е имагинација. Сонувате. Планирате. Достигнувате.“ – Мајкл Фелпс
rn
rn
„Не трошете ја енергијата во обиди да наметнете или промените нечие мислење. Одете над, под и низ и мислењата природно ќе се менуваат кога вие сте главни. Или нема. Кому му е гајле? Направете го она што мислите и не грижете се дали им се допаѓа на другите.“ – Тина Феј
rn
„Верувајте во себе и ќе дојде ден кога другите нема да имаат друг избор освен да веруваат заедно со вас.“ – Синтија Керси
rn
„Нема ништо просветлувачко во намалувањето на вашата вредност за другите околу вас да не се чувствуваат несигурно. Сите ние треба да сјаеме, баш како и децата.“ – Мериен Вилијамсон
rnrn
„Мила моја, воопшто не ми е гајле.“ – Маргарет Мичел
rn