Овој интересен стан се наоѓа на малиот остров Лила Есинџен во Стокхолм, Шведска. Трисобниот стан се наоѓа на врвот на една зграда и е распослан на површина од 77 квадратни метри, а има и огромен балкон. Во кој било дел од денот, осветлен е со дневна светлина благодарение на големите прозори.
Иако станот е уреден минималистички, сепак зрачи со топлина. Во кујната и дневната соба се употребени добро одбрани уреди и апарати, а во спалните – големи кревети. Сепак најимпресивен е балконот со големина од 30 квадратни метри од кој можете да уживате во прекрасниот поглед.
rn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
