КАФЕ ПАУЗА

Медитерански стил: Уредете го вашиот дом како да е куќа на плажа

Ако сте љубители на морето и сè што е поврзано со него, зошто би се ограничувале само на двонеделно уживање, еднаш во годината? Направете еден чекор напред и уредете го вашиот дом како најубавата медитеранска куќа!rn

1. Бои

rnrnrnКога станува збор за морето, првата асоцијација е секако сината боја. И тоа во што поинтензивна нијанса! Бојадисајте ги ѕидовите во сина боја со бели детали, а истото направете го и со мебелот во домот. И нежно зелената боја може да биде прекрасно освежување во оваа комбинација.rn

2. Под

rnrnrnБродскиот под е најдобар избор ако сакате во текот на целата година да се чувствувате како да сте на море. Погледнете го само колку добро изгледа – во вашиот дом, 12 месеци ќе биде лето!rn

3. Врата

rnrnrnАко можете да си дозволите, направете или купете дрвена врата на лулање за влез во кујната. Ова без сомнение постојано ќе ве потсетува на чувството кога последен пат сте биле на море.rn

4. Уникатни детали

rnrnrnВрамете некоја фотографија со морски пејзажи, набавете декоративен брод, купете перници во форма на гуми за спасување и декорации во форма на сидро… Можностите се бескрајни кога станува збор за овие ситници што можат неизмерно да ви го разубават просторот.rn

5. Кујна

rnrnrnСините чинии, чашите и садовите за зачини на дрвена полица ќе бидат одлични детали што секојдневно ќе ве потсетуваат на прекрасниот Медитеран.rn

6. Тепих

rnrnrnКога станува збор за медитеранскиот стил, најдобриот начин да го извлечете највпечатливиот изглед од вашите подови е доколку ги исфрлите класичните теписи и комбинирате неколку мали стази низ домот.rn

7. Природни материјали

rnrnrnКога бирате мебел, одбирајте дрво. Покрај тоа што најмногу потсетува на море, тој е и најдобар избор за вашето здравје.rn

8. Тераса

rnrnrnАко имате тераса, нека биде богата со цвеќиња, а гелендерот обавезно декорирајте го со петунии во раскошни бои. Што поколоритно – толку подобро!rnrnУживајте и во фотографиите од оваа модерна вила во Шпанија со преубав поглед над Медитеранот.