Ова е една неодамнешна маркетинг кампања на компанијата „IBM“ наречена „People For Smarter Cities“, каде што тие ги повикуваат луѓето да разменат идеи за градот на иднината, односно да споделат идеи како би го направиле својот град подобро место за живеење.
Маркетинг компанијата „Ogilvy & Mather France“ направила многу интересни билборди за целите на оваа кампања, кои можат да послужат како клупа, натстрешница за заштита од дожд или снег или како рампа за преку скали. Овие билборди можат да се видат низ Париз.
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
