КАФЕ ПАУЗА

Филм: Хичкок (Hitchcock)

Филм: Хичкок (Hitchcock)

Written by

in

,

Зад секој психо стои успешна женаrnrnФилм: Хичкок (Hitchcock)Режија: Саша ЏервазиrnrnУлоги: Ентони Хопкинс, Хелен Мирен, Скарлет Јохансон, Џесика БилrnrnВреметраење: 98 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 14 декември 2012rnrnЖанр: биографија, драмаrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rn

rnОфицијалниот слоган на биографскиот филм за Алфред Хичкок е „Зад секој психо стои успешна жена“, а тој е така смислен за да ги собере во себе двете приказни кои меѓусебно се испреплетуваат во овој филм. Едната, која навидум е централна, е спроведувањето на идеја за филм од почеток до крај со неопходната упорност и пребродувањето на бројни тешкотии. Втората, веројатно многу поважна, е значењето на љубовта и поддршката која сопругата на Хичкок му ја дава за тој да може да ги реализира своите цели.Филм: Хичкок (Hitchcock)Хелен Мирен одлично ја толкува Алма, сопруга, пријателка и најблизок соработник на Алфред Хичкок (Ентони Хопкинс). По неговиот голем успех со филмот „Север – северозапад“ (North by Northwest) таа го советува да ги прифати понудите за неколку големи блокбастери во најава, но за разлика од неа Хичкок сака нешто поинакво. Тој копнее по младешката полетност од неговите режисерски почетоци кога одбирал смели сценарија на кои не им се предвидувало голем успех и се решава за екранизација на книгата „Психо“. Алма не е воодушевена од неговиот избор, но тој не сака да чуе за ништо друго.Филм: Хичкок (Hitchcock)Таа полека ќе почне да прифаќа да соработува со својот сопруг откако ќе ѝ ги каже своите невообичаени и храбри замисли за снимањето, но филмските студија не сакаат ни да помислат на таков филм. Тие преферираат проверени варијанти, а тоа нив ќе ги остави без пари за снимање. Во потрагата по финансиски средства ќе се решат дури да ја заложат и сопствената куќа и некако ќе успеат да соберат доволно пари пред Хичкок да започне со снимање.rnrnТогаш кога веќе изгледа дека работите доаѓаат на свое место се случува уште еден заплет во филмот. Алфред и Алма ќе почнат да се сомневаат еден во друг, во нивната искреност и посветеност на бракот, што доведува до бројни недоразбирања кои многу очигледно ќе се одразат и на процесот на снимањето.Филм: Хичкок (Hitchcock)Филмот е базиран на книгата „Алфред Хичкок и создавањето на Психо“ од авторот Стивен Ребело која наводно многу прецизно ги опишува сите настани во врска со легендарниот режисер и околностите во кои го снимал овој филм. Без разлика на тоа колку режисерот Саша Џервази се водел според наводите на оваа книга или додал нешто за да драматизира повеќе, тој во секој случај успева да ни даде детална претстава за односот на Алфред Хичкок со Алма и нејзиното значење во неговиот живот.Филм: Хичкок (Hitchcock)Направил филм којшто е забавен и лесен за гледање без да прави компромис на сметка на одличната приказна и ликовите. Ентони Хопкинс лесно ќе ве освои со вообичаено брилијантната глума, ќе ве внесе во неговиот посебен однос со сопругата, а таа ќе ве внесе во нејзиниот однос со сопругот, така што поминување 98 минути со ваков филм е добро потрошено време.Филм: Хичкок (Hitchcock)
rnrn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn