Кога некој би ви рекол дека во приколка може да живеете удобно, па дури и по малку луксузно, сигурно би биле скептични. Но, погледнете ја оваа малечка куќа на тркала која ќе ги разбие вашите сомнежи. Тоа што е на тркала ви дава чувство на апсолутна слобода и мир, чувство на моќ – може да бидете каде сакате и кога сакате.rnrn
rnrnОвој мал дом од 20,5 метри квадратни е уреден за да се искористи максимално целиот простор што го нуди. Многу полици и фиоки, дури и полици и закачалки за палта под скалите, е она што го прави целиот простор практичен и рационално искористен. Големиот француски кревет и каминот даваат романтичен шмек, додека несекојдневноста на оваа едноставна куќа ќе направи да посакате да имате една за себе.rnrn
rnrnОвој малечок дом од соништата нуди комфор и уживање, слатко спакуван во приколка тој е одличен избор за романтичен викенд далеку од градските гужви, во лето или пак во зима.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.








