Кога станува збор за уредување на домот, можете да посакате навистина многу работи, како на пример, да го направите просторот да изгледа повисок, поширок, поелегантен, да има повеќе светлина, да има смирено уредување или да „нафрлите“ малку драматичност, бајковитост. Затоа ви нудиме 10 идеи како со правилен избор на огледала да го уредите вашиот дом и да ги постигнете горенаведените цели.rnrn
rn
1. Не плашете се од ѕидните огледала со големи димензии
rnТокму таквите површини му даваат на просторот ефект на прозрачност. Одличен трик за во бањата, ходникот, скалилата. И секаде каде што ќе сакате да ја видите вашата цела фигура додека се облекувате и шминкате.rnrn
rn
2. Големото огледало можете да го урамите
rnИсто како урамување фотографија и да го ставите на подот, малку „случајно“ потпрено на ѕидот. Така можете да истакнете убаво парче мебел, некој украсен предмет или собни билки.rnrn
rn
3. За посебни светлосни ефекти
rnЗа да го постигнете ова, поставете ги огледалата така што ќе „фаќаат“ поголема природна светлина која доаѓа од прозорецот или во близина на огледалото поставете ламба или свеќи.rnrn
rn
4. За да ја „скршите“ монотонијата на големиот и празен ѕид
rnМонотонијата на големиот и празен ѕид можете да ја „скршите“ со комбинација на повеќе помали огледала во различни големини или облици. Особено убаво изгледаат „расфрланите“ округли огледала.rnrn
rnrnПреминете на следната страница за повеќе креативни идеи со огледала…rn