Кога ќе ги погледнете овие фотографии, нема да можете да си поверувате дека се од Букурешт – модерниот град што е познат по живоста во него. Но, по едно екстремно ледено невреме, тој станал смрзнат град на духови.rnrn
rn
„По ноќ со смрзнат дожд, се разбудив и сфатив дека се наоѓам во леден и оштетен град. Ова беше навистина необична временска непогода, па имав проблеми со движењето на улиците без лизгалки и постојано се надевав дека нема да падне некоја гранка врз мене“, вели Андреи Раута, фотографот.
rn
rnrnКако што можете да видите на овие неверојатни фотографии, многу автомобили биле оштетени од гранки или цели дрвја кои паднале на нив. Патиштата исто така биле полни со дрвја, гранки и лед и дел од каблите пукнале поради тешкиот лед што се закачил на нив.rnrn
rn
„Вечерта кога шетав, погледот беше апокалиптичен, но истовремено и интересен. Се чувствував како да шетам во некој филм за крајот на светот“, дополнува тој.
rn
rnrnПогледнете ги фотографиите и уживајте во апокалиптичната атмосфера на Букурешт.rnrn
rnrnПродолжува на следната страница…rnrn