Во вашиот дом се наоѓаат многу работи кои на некој начин може да бидат погодно место за бактерии. Со оглед на ова, животниот век на предметите и уредите не е неограничен. И покрај тоа што редовно ги чистите, тие по одреден период бараат да бидат заменети. Некои траат подолго, други пократко, но сепак, некогаш ќе мора да го направите тоа. Погледнете ја ова листа која има за цел да ви покаже колку често треба да ги менувате предметите и уредите во вашиот дом.rnrn
rn
1. Перниците на секои две до четири години
rnОва многу зависи од тоа колку ги употребувате, но ако ги чистите секои четири до шест месеци и ги заменувате навлаките кога ќе се појават дамки, тогаш ќе им го продолжите животниот век.rn
2. Душекот на секои седум години
rnАко редовно го чистите душекот со правосмукалка, со што ќе ја отстраните прашината, тогаш тој би требало да трае подолго.rn
3. Перниците за спиење на секои две години
rnИсто како и душекот, така и перниците се погодно место за насобирање прашина и бактерии, а истите може да предизвикаат развој на алергија и слично.rn
4. Јорганот на секои пет години
rnСамо не заборавајте да го перете барем еднаш во сезоната.rn
5. Крпите на секои две до три години
rnДоколку забележите дека тие ја губат нивната апсорпција, или уште полошо, почнуваат да имаат непријатен мирис, тогаш време е да ги замените.rnrn
rn
6. Чергата во бањата на секои две години
rnНеа треба да ја замените од истите причини како и крпите, односно, доколку веќе не може да апсорбира или има чуден мирис.rn
7. Патиките на секои шест до дванаесет месеци
rnПо одреден период користење и поминати километри, патиките треба да бидат заменети за да ги заштитите вашите стапала од инфекции.rn
8. Градниците на секои осум месеци
rnПерете ги правилно и тие ќе ја задржат својата удобност и еластичност.rn
9. Телефоните на секои две до три години
rnИ покрај тоа што постојано излегуваат нови модели, сѐ додека тој е функционален и оперативниот систем е добар, вашиот телефон е во добра форма.rn
10. Пластичните садови за храна на секои две до пет години
rnВнимавајте садовите да немаат пукнатини, затоа што на овој начин бактериите лесно може да навлезат во вашата храна.rnrn
rn
11. Филтрите за вода на секои два месеци
rnАко ги оставите подолго, ќе почнете да чувствувате разлика во вкусот.rn
12. Четката за заби на секои три до шест месеци
rnАко влакната на четката почнуваат да се уништуваат, тогаш време е за нова.rn
13. Четките за шминкање на секои две години
rnНо, настојувајте да ги миете барем еднаш неделно.rn
14. Маскарата на секои три месеци
rnОва е колку отприлика може да ви трае една маскара, под претпоставка дека ја користите секојдневно. Во спротивно, таа или ќе се исуши или ќе биде извор на бактерии.rn
15. Микробрановата печка на секои десет години
rnАко забележите чуден звук, тогаш можеби микробрановата има некој проблем, што значи дека време е да купите нов апарат.rnrn
rn
16. Аспираторот на секои десет години
rnИсто така ако и аспираторот има чуден звук, тоа значи дека треба да го замените.rn
17. Клима уредот на секои десет до петнаесет години
rnОва се однесува на енергетската ефикасност. Колку понов уред, толку помала ќе биде вашата сметка за струја.rn
18. Фенот за коса на секои пет години
rnАко вашиот фен почнува да се тресе или пак ви треба подолго време за да ја исушите косата, тогаш време е да го замените.rn
19. Фрижидерот на секои десет години
rnАко забележите прекумерна кондензација и вашиот фрижидер ви изгледа како да е погоден од снежна бура, почнете да размислувате за купување нов.rn
20. Зачините на секои шест месеци
rnАко ви е потребно да додадете поголема количина зачини за да го постигнете посакуваниот вкус, тогаш тоа значи дека тие изгубиле од својата корисност, при што треба да ги замените.rnrn