КАФЕ ПАУЗА

Кога фотограф ќе се спријатели со дивите животни…

Кога фотограф ќе се спријатели со диви животни...

Со докторат по зоологија, Италијанецот Stefano Unterthiner не е само уште еден обичен фотограф на животни. Неговата огромна пасија да ја прераскаже животната приказна на дивите животни, го прави популарен уметник ширум светот. Како секој исклучително талентиран фотоновинар, Стефано го чека вистинскиот момент за да улови добра фотографија, при што честопати преноќува по неколку седмици во дивина, потполно сам.rnrnКога фотограф ќе се спријатели со диви животни...Кога фотограф ќе се спријатели со диви животни...Кога фотограф ќе се спријатели со диви животни...rnrn rn

„Сакам да правам фотографии од природата, најмногу затоа што таа работа ми овозможува да останам надвор во дивината. Уште додека бев дете, обожавав да поминувам време во природа. Пораснав во малечко планинско село, каде што научив колку може да биде интересно да ја разоткриваш природата која ја има во близина на твојот дом. Јас сум раскажувач на приказни. Тоа не значи дека јас многу зборувам, туку дека ми се допаѓа можноста да прераскажувам „приказни“ за дивите животни, преку моите фотографии.“

rnКога фотограф ќе се спријатели со диви животни...rnrnСтефано успева да ја долови убавината на дивите животинки, дури и на мечките, без да дозволи тие на фотографијата  да изгледаат застрашувачки.rnrnКога фотограф ќе се спријатели со диви животни...rnrn rn

„Додека ја работам својата работа, јас се обидувам да се спријателам со предметот на мојата фотографија. Сакам да го прикажам вистинскиот карактер на животните и да креирам позитивна емоција кај набљудувачот, кога ќе ја погледне добиената фотографија.“

rnКога фотограф ќе се спријатели со диви животни...rnrnЗа да ги фотографира животните на овој начин, Стефано практично живее во нивната средина подолг временски период. Така на пример, за да ги направи фотографиите со црните макаки мајмуни, тој поминал шест седмици на индонезискиот остров Сулавеси, постојано следејќи група мајмуни, сè додека тие не почнале да го препознаваат и прифаќаат. Две фотографии од оваа серија, му ја овозможиле посакуваната награда Фотограф на Дивиот Свет на Годината.rnrnКога фотограф ќе се спријатели со диви животни...rnrnПрисетувајќи се на друг негов проект на Антарктикот, Стефано рекол:rn
rn

„Тоа беше вистинска експедиција. Поминав пет месеци таму, секојдневно фотографирајќи царски пингвини и албатроси. Тоа беше едно надреално, но неверојатно искуство. Живеев во малечка научна база, а за да се стигне оттаму до најблиската болница, е потребно една седмица пловење со брод. Дома успеав да се јавам на телефон само еднаш.“

rnКога фотограф ќе се спријатели со диви животни...rnrnСтефано ги прави сите негови фотографии користејќи ги моделите на Никон, D3 и D3S, а го осигурува нивното постоење, префрлувајќи ги на надворешен диск G-RAID Mini додека е на терен и потоа на G-SAFE во студио.rnrnКога фотограф ќе се спријатели со диви животни...rnrnНеговите фотографии можат да се купат онлајн.rnrnКога фотограф ќе се спријатели со диви животни...rnrnНајверојатно досега сте виделе некоја од фотографиите на Стефано, но не сте знаеле, бидејќи тој е редовен соработник со „National Geographic“.rnrnКога фотограф ќе се спријатели со диви животни...Кога фотограф ќе се спријатели со диви животни...Кога фотограф ќе се спријатели со диви животни...Кога фотограф ќе се спријатели со диви животни...Кога фотограф ќе се спријатели со диви животни...Кога фотограф ќе се спријатели со диви животни...Кога фотограф ќе се спријатели со диви животни...Кога фотограф ќе се спријатели со диви животни...Кога фотограф ќе се спријатели со диви животни...Кога фотограф ќе се спријатели со диви животни...Кога фотограф ќе се спријатели со диви животни...Кога фотограф ќе се спријатели со диви животни...Кога фотограф ќе се спријатели со диви животни...rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.