Безброј артисти експериментирале со дрога за да дознаат како таа влијае врз нивната работа. Инспирирана од „Деветте цртежи“ – серија слики добиени како резултат на експеримент на американската влада во 50-тите години од минатиот век, корисничката на Редит whatafinethrowaway ја замолила нејзината пријателка да црта автопортрети додека е под дејство на LSD. Таа зела 200 микрограми LSD и нацртала 11 автопортрети во рок од 9 часа.rn
„Ѝ требаа помеѓу 15 и 45 минути за секој цртеж. Не ѝ беше тешко да се фокусира, тоа баш ме импресионираше. Таа едноставно го сакаше тоа што го правеше. Не знам дали промената на стилот беше намерна или не“ – пишува нејзината пријателка на Редит.
rnИако не поддржуваме употреба на дрога, сепак е навистина интересно да се видат вакви цртежи и ефектот на дрогата преку уметноста.rn
15 минути откако зела LSD
rn
rnrnВо моментот сѐ уште немало никакви забележливи ефекти…rn
По 45 минути
rn
rn- Чувствуваш нешто?rn- Неrn- Тоа се многу светли бои.rn- Да. Веројатно ќе станува полошо.rn
По 1 час и 45 минути
rn
rn
По 2 часа и 15 минути
rn
rnrn„Купувањето боички беше добра идеја.“rn
3 часа и 30 минути
rn
rnrn„Не ги нацртав очите. Сакаш да ги нацртам? Не ми се цртаат очи.“rn
По 4 часа и 45 минути
rn
rnrn„Еве ти. Сега сум виолетова.“rnrn(Подоцна) „Очите ги цртам на крај. Не сакам цртежот да ме гледа додека го цртам. Еве, не сакам цртежот воопшто да ме гледа.“rn
По 6 часа
rn
rnrn„Го изгубив моливот. Ми останаа само боичките.“rn
По 6 часа и 45 минути
rn
rn
По 8 часа
rn
rnrnПо 45 минути поминати во темница со нежни звуци од Пинк Флојд, таа повторно почнала да црта…rn
По 8 часа и 45 минути
rn
rnrnНе била баш задоволна од претходниот, па овој го почнала директно.rnrn„За време на претходниот се обидов да го нацртам она што ми е во главата, но сред цртање нештата почнаа да се случуваат надвор од мојата глава.“rn
9 часа и 30 минути по земање LSD
rn
rnrnДодека ефектите од дрогата избледувале:rnrn- Сакаш да го нацрташ последниот? Онака нормален?rn- Ќе се обидам.
