Јахтата „Улиците на Монако“ е концепт дизајниран од група страсно креативни дизајнери кои сакаат на ентузијастите за луксуз да им понудат нешто сосема ново. Оваа исклучителна јахта е долга 155 метри, а на нејзе ќе можат да се сместат 16 гости и 70 членови од екипажот.Нејзината структура е поддржана со челик и алуминиум на целиот горен дел, а е придвижувана од дизел мотор. Јахтата ќе има три главни области, „Оазата“, „Улиците на Монако“ и „Главниот атриум“. „Улиците на Монако“ ќе биде целосно функционален дел од јахтата, направен според патеката за Формула 1 во Монако и таа ќе биде во преден план. „Оазата“ ќе претставува луксузен дел за релаксација, инспириран од градините пред казиното Монако, додека пак „Главниот атриум“ ќе се наоѓа на централната палуба и ќе ги поврзува собите на горниот и долниот дел од јахтата. Целата јахта ќе содржи компоненти за целосен комфор на гостите и за исполнување на нивните соништа.rn
Сподели
———————————————————————————————————————————————————————rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Оригинална серија на Кафе паузаКафе со…
Сите епизоди →Најново



