И покрај неговата кариера како нутриционист, фотографот Алесио Алби од Италија има огромна страст за изразување преку неверојатни атмосферски портрети. Тој прави исклучителни фотографии од млади девојки кои се изгубени во длабочината на нивните мисли, без разлика дали се опкружени со природни пејзажи или се затворени во темните делови од нивните домови.rnrn
rnrnАлби не се плаши да експериментира со различни видови сцени, стилови и субјекти, но сите негови фотографии вклучуваат употреба на природната светлина. Наместо да се потпре на студиска осветленост, тој им дозволува на природната светлина и сенките да си поиграат на неговите модели, резултирајќи со прекрасно оформени фотографии кои имаат нежни и пригушени тонови.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.














