Глобалните проблеми прикажани преку олимписките кругови

Сподели

Бразилецот Густаво Соуса е уметник и креативен директор на лондонската компанија Mother London. Во екот на одржувањето на Олимпијадата во Лондон тој ги создал овие графики кои преку олимписките кругови ги прикажуваат дел од најголемите глобални проблеми со кои денес се справува човештвото. Темите кои тој ги опфаќа варираат од општи податоци поврзани со бројот на светската популација, па сè до малку познати факти кои укажуваат да проблемите со прекумерната тежина кај луѓето и поседувањето оружје.rn
rn

„Олимписките кругови претставуваат симбол на здрава конкуренција и заедништво, но знаеме дека светот не е совршен. Признавањето на разликите веројатно е првиот чекор кон постигнување на некаква рамноправност,“ ги објаснува Густаво своите дела.

Реклама

rn

Луѓе со прекумерна тежина

Колекцијата на Густаво има едноставно име – океанијаевропаамерикаафрикаазија. Содржи 16 различни графики, по една за секој ден од игрите. При тоа, се обидел малку да си поигра со гледачите со тоа што ги размешал боите кои ги означуваат континентите.rn
rn

„Не открив која боја на кој континент се однесува затоа што можете сами да сфатите додека „ги читате“ графиките. Сметав дека процесот на откривање ќе биде интересен,“ вели тој.

rnЗа да не се мачите сами да откривате, во неговите дела сината боја ја означува Океанија, жолтата е Африка, црната е за Европа, зелената ја означува Азија, а црвената Америка.

Процент на домаќинства кои поседуваат телевизор
Сопственици на оружје
Трошоци за воени цели
Убиства
Број на затвореници
Баратели на азил
Луѓе - носители на ХИВ вирусот
Број на милијардери
Број на население
Број на католички свештеници
Број на ресторани на МекДоналдс
Смртност кај децата
Емисија на јаглерод диоксид по глава на жител
Количина на отпад ризилен по здравјето

Процент на продажба на Кока Кола

rn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Најново

Може ќе ве интересира