Михаела Норок е фотограф од Романија која ја напуштила својата работа и започнала со нов живот. Пред две години, таа го земала својот ранец и фотоапаратот и почнала да патува ширум светот, фотографирајќи илјадници природни жени опколени со својата култура.rnrn
„Сега можам да кажам дека убавината е насекаде и дека не станува збор за козметика или големини, туку многу повеќе за тоа да бидеме оние кои навистина сме“, вели таа. „Глобалните трендови прават да изгледаме и да се однесуваме исто, но ние сме прекрасни само затоа што сме различни. На крајот од краиштата, убавината се наоѓа во очите на оној кој набљудува, а набљудувачот е секогаш некој друг. Мојата цел е да продолжам да правам фотографии од жени од секоја држава на планетата, правејќи го ‘Атласот на убавината’ огледало кое ќе ни ги покажува различните општества и ќе служи како инспирација за луѓето кои се обидуваат да останат автентични.“
rn



























