Вкусувањето на лимонот е причина за интересни гримаси и кај нас возрасните, но дефинитивно, многу поинтересни се реакциите на малите деца кои никогаш претходно не се сретнале со ова кисело овошје. Фотографот Дејвид Вајл ги поставил малите деца на сина позадина, им ставил лигавчиња околу вратот и чекал со фотоапаратот за да ги фати нивните реакции. Резултатот од ова е серијата фотографии наречена Pucker.
Важно е да нагласиме дека ниедно од децата не било повредено за време на фотосесијата, напротив, како што може да се забележи од фотографиите, некои од нив дури вистински уживаат во ова искуство.















rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
