rn
5. Поставете параван
rnДоколку имате голем празен простор, а масичките и полиците се недоволно интересни, тогаш поставете украсен параван кој ќе биде феноменален начин да го пополните просторот и кој ќе ви служи како необичен украс. Ќе го избегнете бојадисувањето на ѕидот, тапетите или закачувањето на слики, а ќе добиете ефект на модерна и елегантна просторија.rnrn
rn
6. Креирајте детски ѕид
rnДетските соби се просторија во која сите работи најмногу се поместуваат и менуваат, па не морате дополнително да го правите тоа, но она што би можете да го направите е интересно украсување на ѕидот на малку поразличен начин. Пронајдете големо платно со неутрални бои на кое ќе закачите детски цртежи и така креираната декорација ќе ја поставите на ѕидот од собата. Продолжете да го дополнувате колажот со цртежи и нека вашите деца бидат сликарски уметници.rnrn
rn
7. Ставете го акцентот на плафонот
rnКога се во прашање ѕидовите од собата, тие се навистина идеално место за додавање шари, украси и сето она што може да се најде на нив. Меѓутоа, она што би можеле да го примените е да ги ослободите четирите ѕида и да го украсите плафонот. Изберете интересна шара која ќе ја пренесете на него и ќе го доживеете ентериерот на малку поразличен начин.rnrn
rn
8. Ставете златни ламби до прозорците
rnМожеби е логично ламбите да бидат спротивно од природниот извор на светлина, но ако ги поставите ѕидните ламби токму покрај прозорецот, ќе изгледа привидно како надвор воопшто да не се стемнило, бидејќи светлината и понатаму допира од истиот правец. Изберете мали ламби и направете од нив рамка околу прозорецот, а тоа навистина ќе изгледа брилијантно.rnrn
rn
9. Декорирајте го вашиот гардеробер
rnСекако, и ова место можете да го вброите во оние во кои поминувате најмногу време, па освен купот парчиња облека кои може да се најдат внатре во него, ставете и некои декоративни детали за промена. Разубавете го вашето омилено катче така што нема потреба воопшто да го напуштате.rnrn
rnrnДоколку сакате да ги следите трендовите, тогаш вистинска инспирација ќе пронајдете во најновите и најмодерните трендови за уредување на домот.
