Јосемити без сомнение е едно од најневеројатните места на планетата. Овој национален парк со години наназад привлекува огромен број фотографи и артисти кои се обидуваат да ја пренесат неговата убавина во своите дела. Еден од тие артисти е и Шон Ридер кој скоро 2 години ги фотографирал Јосемити и Хај Сиера.rnrn
rnrnФотографиите на Шон Ридер се навистина неверојатни. По 2 години работа, тој конечно го составил своето тајмлапс видео.rnrn
Шон вели: „Се надевам дека ова видео ќе ги инспирира сите да излезат надвор и да ги истражуваат природните убавини, особено магичните места како Националниот парк Јосемити и Хај Сиера.“
rnПогледнете ја неговата визија на неговиот дом во наредново видео. Вклучете ја HD-опцијата на видеото, пуштете го на цел екран, притиснете плеј и на неколку минути отпатувајте во еден неверојатен свет. Уживајте!rnrnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
