КАФЕ ПАУЗА

Ова е првото нешто што гостите го забележуваат кога ќе влезат во домот

Ова е првото нешто што гостите го забележуваат кога ќе влезат во домот

Дали некогаш сте се запрашале што забележуваат луѓето кога прв пат ќе влезат во вашиот дом? Знаеме дека првиот впечаток е многу важен и дека се создава за само неколку секунди, а истото важи и кога станува збор за гостите кои доаѓаат во вашиот дом.rnrnОва е првото нешто што гостите го забележуваат кога ќе влезат во домотrnrnНаучно е докажано дека се потребни 38 секунди за да се воочат сите ситници и да се започне со осудување.rnrnЕдно истражување покажало дека првото нешто што гостите го забележуваат е мирисот на вашиот дом. Веднаш по мирисот, се чувствува температурата, а потоа се забележува дали е чист просторот.rnrnИсто така, откриено е дека три од десет луѓе не ги кажуваат своите замерки на домаќинот. Од друга страна, 86% од домаќините детално ја чистат куќата пред да им стигнат гости, додека 6 од 10 луѓе не се грижат што мислат другите.rnrnОсвен мирисот, температурата и хигиената, гостите ја забележуваат и удобноста на мебелот на кој седат, валканите прозорци, книгите, бојата на ѕидовите, како и прашината на украсите на полиците.rnrnГостите сигурно ќе ги забележат и декорациите во местото на живеење, а еве некои евтини есенски декорации кои ќе го разубават вашиот дом.