Многу често, кога го замислуваме периодот од раниот 20-ти век, го замислуваме во црно и бело. Причината за ова е тоа што мнозинството фотографии кои се од тој период не се во боја. Тоа го прави минатото да изгледа како некој сон, а не како нешто реално.rnrn
rnrnНо, некои од најстарите фотографии во боја можат да ни овозможат фасцинантен поглед кон животот и светот во тој период.rnrn
rnrnДодека фотографиите во боја почнале да се прославуваат на почетокот на 21-иот век, тие постоеле и пред тој период.rnrn
rnrnПред 1907 година, ако сте сакале фотографија во боја, требало да ја однесете кај професионалец за боење, кој всушност ги боел фотографиите со различни бои и пигменти.rnrn
rnrnДвајца браќа од Франција, Агуст и Луи Лумиер, го промениле сето тоа со нивната технологија. Користејќи обоени зрна од компиров скроб и емулзија чувствителна на светлина, тие правеле фотографии во боја за кои не било потребно додатно боење.rnrn
rnrnОвој процес бил скап и тежок, но станал многу познат помеѓу фотографите аматери. Една од првите книги кои содржат фотографии во боја била направена со техниката на браќата Лумиер.rnrn
rnrnДури во 1935 година се случила револуција на фотографиите во боја, правејќи ја техниката на Лумиер застарена. Но, благодарение на оваа техника, денес сме во можност да го видиме светот во раните 1900-ти онаков каков што навистина бил.rnrn
rnrnПогледнете ги и овие неверојатни фотографии од Њујорк, од 19 и 20 век.
Дел од првите фотографии во боја што ни го покажуваат животот пред речиси еден век
