Како што и многу често се случува, 2 или 3 збора знаат да кажат многу повеќе од цели реченици. Овој пат, тие зборови се поткрепени со фотографии кои носат една многу моќна порака, а тоа е дека никој не си го бара насилството сам и дека злоупотребувањето на луѓето е секогаш апсолутно неоправдано.rnrnОбвинете го оној кој силува, не жртвитеrnrnПроектот „Сè уште не си го барам“ од австралиската фотографка Рори Банвел претставува збирка фотографии кои имаат за цел да ја разбудат свеста на народот за степенот на домашно насилство и силување кој расте со секој нов ден. На фотографиите можат да се забележат мажи и жени, млади и стари, од кои некои и самите се жртви на насилство, а на чии полуголи тела се испишани фрази кои на различен начин го кажуваат истото – никој не заслужува да биде злоупотребен и малтретиран на кој било начин.rnrnМотивацијата за овој проект е ќерката на Банвел, Рори, и нејзиниот сопруг. Дознавајќи дека таа е бремена со женско дете, додека самата е жртва на насилство, решила да преземе нешто во врска со тоа, па така овој проект претставува надеж дека нејзината ќерка ќе живее во подобар свет. Според неа, овие неколку фотографии се само почеток и таа планира да продолжи со овој проект, фотографирајќи многу повеќе жртви и активисти од секоја раса, возраст, религија и пол.rnrn