КАФЕ ПАУЗА

Божиќен фенг шуи: Ако сакате мир и добра енергија за време на празниците, направете ги овие работи

Божиќен фенг шуи: Ако сакате мир и добра енергија за време на празниците, направете ги овие работи

rnrnБожиќен фенг шуи: Ако сакате мир и добра енергија за време на празниците, направете ги овие работиrnrnЗа квалитетно поврзување на семејството, препорачливо е секој член да постави барем еден лампион на елката бидејќи на тој начин ја поставува и својата лична енергија.rnrnПокрај пластичните и стаклените декорации, препорачливо е да ставите и украси од ткаенини како панделки и ленти бидејќи тие со својата текстура ќе ја омекнат целокупната декорација.rnrnПразничната трпеза ве повикува да се дружите, а за позитивна атмосфера и опуштена комуникација, најдобро е да имате тркалезна маса. Ако имате правоаголна маса, во никој случај не се препорачува сопружниците да седат еден наспроти друг бидејќи таа позиција означува ривалство.rnrnВо празничната сезона емоциите се зголемуваат, па покрај пријатните моменти, честопати има и расправии и несогласувања. Ако сопружниците седат во позиција на ривалство, уште полесно може да настане недоразбирање, па поради тоа декорирајте ја масата со многу темнозелени украси и ткаенини.rnrnЗа пријатна атмосфера, секој ден палете свеќа со масло од мандарина, портокал, лимон или цимет.rnrnВо текот на празниците многу често ќе се фотографирате, но имајте предвид дека фотографијата со три личности еден до друг е крајно неповолна. Ако семејството се состои од 3 члена, тие треба да позираат во форма на триаголник, при што личноста што најмногу заработува треба стои од горната страна.rnrnОбидете се секој ден да одите на прошетка за да ја избегнете тензијата којашто во вас се создава поради премногу храна, светликави предмети, свеќи (поради енергијата на огнот) и зголемениот број гости.rnrnПо прошетката, напијте се топол напиток кој ќе го зачините со малку цимет, каранфилче, морско оревче или ѓумбир.rnrnВо периодот на дарување, не заборавајте на оние што не може да уживаат во сезоната на празниците. Поради тоа, проверете ги играчките и облеката на вашите деца, оставата, гардеробата и чевлите. Сигурно ќе најдете многу работи што не ги користите, па подарете ги тие работи на оние на кои вашата облека, играчки и храна ќе му значат многу.rnrnМожеби сакате да дознаете и како да го уредите домот во шелфи стил – новиот тренд во уредувањето на ентериерот.