Неутралните бои, а особено белите нијанси, имаат доста предности, како на пример, помалиот простор го прават визуелно поголем, темниот простор го прават посветол, односно создаваат впечаток на отвореност и прозрачност. Но, може да изгледа и помалку недовршена, односно досадна доколку не се внимава на некои работи во текот на уредувањето. Затоа ви откриваме 5 совети за уредување на белите простории.rnrn
rn
1. Експериментирајте со текстурите
rnМонохроматските простории, особено оние во бела боја, може да изгледаат многу монотоно. Токму тогаш од голема помош може да биде додавањето текстури, па дури и во слични тонови. Бушави теписи, перници, бојадисани цигли, пластични столици и сето она што ви се допаѓа, бидејќи имате многу опции од кои можете да изберете.rnrn
rn
2. Додајте зеленило
rnНаместо зелена боја на ѕидот или зелен мебел одлучете се за природно зеленило. Билките на белиот простор ќе му пружат чувство на свежина и прозрачност, односно малку боја. Ако не сте обожавател на силните бои, билките се идеален избор за минимално додавање боја во белиот простор, со цел да го „оживеете“.rnrn
rnrn
3. Искористете бојадисани детали
rnЗа оние кои сакаат силни бои, но во мали дози, ова е одлично решение кое ќе воспостави рамнотежа во белата просторија. Сосема е доволно да изберете неколку детали чија боја „отскокнува“ од белата површина, а идеален избор се покривачите, перниците, рамките за фотографии или пак, светилките.rnrn
rnrn
4. Додајте декоративно осветлување и уметност
rnАко сакате да создадете впечаток на романтичност и интимност во просторијата, тоа наједноставно можете да го направите со убаво осветлување и светилки. Тогаш ламбите или ЛЕД светилките, сликите и фотографиите се клучните детали кои ќе го додадат тој шарм во вашата бела просторија.rnrn
rn
5. Употребувајте примероци
rnДоколку не сакате силни бои, бојадисани детали, ниту пак зеленило во белата просторија, примероците во неутрални бои се најдоброто решение. На тој начин неутралноста и смиреноста во просторијата ќе останат недопрени, но и понатаму визуелно ќе го збогатите просторот со нова димензија.rnrn
rnrnДоколку сакате да ја задржите суптилноста и белината во просторијата, погледнете ги овие мермерни тапети кои станаа нов тренд за уредување на ентериерот.