Скулптурирањето е навистина тежок вид уметност, но артистот Вилард Виган од Англија ги одвел работите на сосема ново ниво. Тој создава минијатурни скулптури кои се толку мали, што може да ги собере во дупчето од игла за шиење.rnrn
rnrnВилард ги создава своите скулптури со помош на микроскоп. Но, тешкиот дел е да ја одржува својата рака смирена додека креира. Токму затоа тој открил начин на кој може да ги намали отчукувањата на своето срце со задржување на здивот. Со задржувањето на здивот, Вилард влегува во еден вид медитативна состојба и со помош на својот пулс и рачно изработените алатки им дава облик на материјалите со кои работи. Една од алатките кои ги користи за дизајнирање има врв кој е направен од дијамант.rnrn
rnrnОткако ќе заврши процесот на обликување, тој продолжува со боење на скулптурата, користејќи влакно од обична мува како четка. Во просек, процесот на создавање една скулптура може да трае и до 8 недели. Интересно е тоа што откако ќе заврши со работата, Вилард мора да биде внимателен и да не диши многу силно бидејќи може многу лесно да ги вдиши своите креации.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.












