КАФЕ ПАУЗА

Есента им носи неопислива среќа на овие 4 хороскопски знаци

Есента им носи неопислива среќа на овие 4 хороскопски знаци

Зачекоривме во сезоната кога лисјата паѓаат, мрачните облаци лебдат над небото, а звукот на дождот нè заспива. Деновите се пократки, ноќите и утрата се посвежи, расположението не е на некои високо ниво, но, сепак, среќата им се насмевнува на некои хороскопски знаци.rnrnЕсента им носи неопислива среќа на овие 4 хороскопски знациrn

Вага

rnВагата не сака крајности, па затоа есента ѝ е омилено годишно време. Бидејќи Вагите сакаат да бидат активни наутро, есенските утра им се резервирани за вежбање во природа.rnrnВо сончевите есенски денови, тие сакаат да одат на планинарење, каде што ќе можат да ги одморат очите во прекрасните пејзажи.rnrnВагите се грижат за исхраната, па есента е време да им се радуваат на сезонскиот зеленчук и на сезонското овошје. Тие се грижат за себе и едвај чекаат да купат нова јакна или кардиган и да се чувствуваат убаво за време на есенските прошетки.rn

Бик

rnБикот ужива во есенските бои на земјените тонови бидејќи е многу поврзан со енергијата на земјата. Шушкањето на лисјата за него е вистинска поезија што може да ја набљудува со часови.rnrnБикот го сака есенскиот дожд што го прочистува од негативната енергија. Ужива во вкусот и во мирисот на печени костени.rnrnЕсента за Биковите има посебна мотивирачка енергија за деловен успех.rn

Рак

rnРакот е нежен и малку затворен во себе, па есента е идеална за него. Тогаш може да си дозволи прекрасна прошетка во шумата и да се препушти на мислите збогатени со шарени лисја.rnrnЗа време на есента, Ракот ужива во семејните активности и во подготовката на храна со печурки. Супата од тиква е неговото омилено есенско задоволство.rnrnМногу Ракови ги украсуваат своите домови и градини за време на есента. Енергијата на есента ги опушта Раковите и им носи мир.rn

Стрелец

rnСтрелецот ѝ се радува на есента бидејќи ова е период на жетва, односно време кога ги собираме плодовите од нашиот труд. Есента е идеално време за активниот Стрелец, кој има авантуристички дух и најмногу им се радува на есенски патувања во непознатото, уживајќи во живописните промени.rnrnВо овој период од годината, тој зрачи со позитивна енергија, особено кога го галат сончевите зраци, давајќи му нова надеж и насоки за нови деловни победи.rnrnСтрелецот им се радува на дружбите со пријателите, на топлите пијалаци и на пријатните разговори.rnrnПрочитајте на кои 5 хороскопски знаци ќе им се смени животот во октомври.