Овие скулптури биле направени по барање на поранешниот југословенски претседател Јосип Броз Тито, во 60-тите и 70-тите години на минатиот век, а поголемиот дел од нив ги одбележуваат местата на кои се одвивале најголемите битки од Втората светска војна на територијата на Југославија или пак места каде што се наоѓале некои концентрациони логори.rn
Тие се дизајнирани од различни скулптори и архитекти како што се Душан Џамоња, Војин Бакич, Миодраг Живковиќ, Јордан и Искра Грабул, Богдан Богданович, Градимир Медаковиќ и други. Сите пренесуваат моќен визуелен ефект да се покаже довербата и силата на една социјалистичка земја. Во 80-тите години на 20 век, овие споменици носеле милиони посетители на годишно ниво, особено млади пионери за нивното патриотско образование. По распадот на Југославија во раните 90-ти години, тие биле тотално напуштени и нивното значење се изгубило во минатото.rn
Во периодот од 2006 до 2009 година, белгискиот фотограф Јан Кемпенерас направил тура низ територијата на поранешна Југославија и со помош на мапа на споменици од 1975 година, ги направил овие прекрасни фотографии. Неговите фотографии го поставуваат прашањето: Дали овие поранешни споменици, можат да продолжат да постојат како обични скулптури? Нивната физичка пропадната состојба и институционална негрижа го одразуваат општествениот историски распад, но од друга страна и без нивната симболика тие изгледаат неверојатно. 





















25 неверојатни споменици од поранешна Југославија
