11 Ложата Mонтана магија – Нелтум, Чиле
rnКонусната структура од бајките лесно може да биде помешана како дел од џунглата, ако не беа прозорските стакла од страните. Уште една особеност за овој хотел е дека нема нормален влез, туку посетителите и гостите мора да поминат преку висечки мост.rn
12. Домот на жирафите – Најроби, Кенија
rnПредградието на Најроби не би било толку интересно ако не беше хотелот со шест соби наречен Дом на жирафите, изграден во 19-от век во средината на локалниот парк за жирафи. Друштвото на овие прекрасни суштества ќе го направи вашиот престој таму незаборавен.rn
13. Вила Ескудеро, Куезон, Филипини
rnВилата Ескудеро ги отвори своите врати за гости во 1981 година и оттогаш стана светски познато одморалиште. Овде ќе најдете приватни музејски колекции на артефакти, па дури и неверојатните водопади изградени од човек, покрај кои може да седите и да уживате во филипинската храна и пијалаци.rn
14. Хотел Мироркјуб куќарка на дрво – Харадс, Шведска
rnОвие стаклени коцки ги рефлектираат дрвата, шумските ледини и небото или со други зборови сѐ што ги опкружува и затоа некои од вас можеби дури нема ни да ги забележите. Внатрешниот дизајн е изработен од букова иверица. Секоја соба има спална со огромен кревет, бања, салон и тераса на покривот.rn
15. Луксузниот комплекс Сант Анџело – Малтара, Италија
rnИталијанскиот град Малтара на гостите им нуди можност да станат пештерски луѓе. Луксузниот комплекс Сант Анџело ги адаптирал пештерите и сега тие се главна атракција, иако гостите ќе уживаат во сите благодати на денешницата, за разлика од луѓето кои тука живееле пред илјадници години.rn
16. Хотел Ловец на соништа – Алош, Франција
rnПреведено од Француски, оригиналното име на овој хотел, „Attrap’Rêves“ значи „ловец на соништа“. Хотелот се состои од транспарентни кутии кои наликуваат на огромни меури и сите се поставени длабоко во шумите, под небото. Интересно е дека сите гости кои престојуваат во хотелот добиваат телескоп и ѕвездена мапа.rn
17. Радисон Блу – Берлин, Германија
rnГлавната атракција и декорација во овој стилизиран хотел, без двоумење е најголемиот цилиндричен аквариум во светот. Во комплексот има 427 луксузни соби и тој претставува главна атракција на модерниот Берлин.rn
18. Марина Беј Сендс – Сингапур
rnМарина беј сендс е луксузен хотел и казино во Сингапур, и има три кули со 55 ката, секоја висока 200 метри и тераса во вид на гондола со базен и градина на врвот од кулите. Комплексот има 2.561 соба, како и простор за изложби, музеј, две театарски сали и седум ресторани.rn
19. Леден хотел – Јукарсјеви, Шведска
rnАрхитектонското ремек-дело направено од снег и мраз веќе е старо 25 години. Собите секоја година изгледаат различно бидејќи мразот се топи секоја пролет. Заедно со клучевите, гостите добиваат топла долна облека, топли капи и вреќи за спиење.rn
20. Хотел Праран – Мелбурн, Австралија
rnРеконструкцијата на старата зграда од хотелот во Мелбурн завршила со индустриска револуција. Хотелот Праран го добил стариот изглед, а главниот елемент од кој е направена фасадата се бетонските, округли прозорци.

