Автор: Боро МирческиrnrnДури и да не можете да си дозволите куќа од соништата или пак доколку архитектурата не е на врвот на вашата листа со приоритетни луксузи кои ги посакувате, сепак може да одвоите барем 5 минути од вашето време и да погледнете какви куќи го красат светот.rnrnЛеирија, ПортугалијаrnrnВо книгата „100 современи домови“ на авторот Филип Џодидио, претставени се 100 екстремно луксузни и современи домови изградени ширум светот, почнувајќи од Чиле, преку Хрватска па сè до Кина. Според Џодидио, дизајнирањето приватни домови им нуди на архитектите поголема слобода во реализирање на своите идеи и концепти, но и прикажување на нивната креативност, за разлика од сите корпоративни проекти за кои најчесто се ангажирани.rnrnСантијаго, ЧилеrnrnСепак, создавањето на сопствениот дом треба да биде исполнето со енергијата која вие ја поседувате како индивидуа. Домот треба да биде хармонично место кое ќе зрачи со топлина. Затоа, на архитектите им е вистински предизвик да го преточат „духот“ на едно семејство во расположливиот простор, а притоа да остават сопствен белег кој ќе ги натера случајните минувачи да прашаат кој ја дизајнирал куќата на домаќините.rnrnРио де Жанеиро, БразилrnrnФилип Џодидио направил една тура околу светот и избрал 100 најсовремени домови, кои потоа ги објавил во сопствена книга од два тома. Џодидио дипломирал историја на уметност и економија на универзитетот „Харвард“ и денес важи за еден од најпопуларните писатели во светот на теми од архитектурата. Ова се само 15 примери од неговата книга.rnrnКауита, КостарикаrnrnСиднеј, АвстралијаrnrnНагано, ЈапонијаrnrnНагано, ЈапонијаrnrnКуала Лумпур, МалезијаrnrnКачагуа, ЧилеrnrnБританска Колумбија, КанадаrnrnКонектикат, САДrnrnОнтарио, КанадаrnrnЧилеrnrnНагано, ЈапонијаrnrnЊујорк,САДrnrn