Погледнете некои од скулптурите за кои не важат физичките закони. Нивните креатори ги „уништиле“ сите традиционални правила кои важат во класичната уметност. Уживајте!rn
1. „Земјата на чудата“, Канада
rn
rnrnНајинтересното нешто кај оваа скулптура е погледот однатре. Однадвор таа е само рамка од жица во форма на глава висока 12 метри, а однатре е цел свет, измислен од шпанскиот скулптор Хауме Пленса.rn
2. „Карма“, САД
rn
rnrnКреацијата на корејскиот скулптор Ду Хо Су ги пречекува посетителите на уметничката галерија Алберт-Нокс во Њујорк. Скулптурата е висока само 7 метри, но изгледа како да е без крај.rn
3. „Тајната вечера“, САД
rn
rnrnСкулптурата на Алберт Сукалски е направена според фреската на Леонардо да Винчи. Наспроти нејзината позадина, фигурите изгледаат особено мистериозни навечер, кога се осветлени од внатре.rn
4. „Дијаманти“, Австрија
rn
rnrnОваа слика не е свртена. Нил Досон од Нов Зеланд создава скулптури кои ве тераат да се запрашате како левитираат. Ефектот е постигнат со речиси невидливи жици.rn
5. „Балансирачка скулптура“, Дубаи
rn
rnrnОва бронзено чудо ги крши сите закони на физиката. Како скулптурите на полскиот уметник Џерзи Кеџиора им се спротиставуваат на сите временски услови претставува огромна мистерија.rn
6. „Споменик за виолинистот“, Холандија
rn
rnrnВо Амстердам, каде што се наоѓа музичкиот театар, мермерниот под бил искршен за да се стави скулптура од виолинист. Авторот на ова дело е мистерија.rn
7. „Порше на фестивалот на брзина“, Велика Британија
rn
rnrnГери Џуда создава неверојатни скулптури од автомобили кои изгледаат како да возат кон небото.rn
8. „Спуштање и кревање“, Австралија
rn
rnrnСкалите до небото од Дејвид Мекракен кои се поставени во Сиднеј, си имаат своја тајна. Секоја наредна скала е помала од претходната па кога ги гледате изгледаат како да се бескрајни.rn
9. „Неизбежноста на времето“
rn
rnrnГрчкиот артист и скулптор Адам Мартинакис создава дигитални скулптури. Можете да ги видите само на Интернет или во печатени верзии. За ова постои модерната уметност: Да откриете нови начини на изразување.rn
10. „Карактеристики на гравитација за слон“, Франција
rn
rnrnСкулптурата на Даниел Фирман е посветена на теоријата на авторот дека слон може да држи рамнотежа на својата сурла на височина од 18.000 километри.rn
11. „Тркачот“, Грција
rn
rnrnОваа скулптура можете да ја видите во Атина. Од која било перспектива да гледате, добивате илузија на движење. Огромната фигура е создадена од голем број парчиња темно зелено стакло и е дело на скулпторот Костас Варотсос.rn
12. Подводни скулптури, Мексико
rn
rnrnЦели подводни паркови во различни делови од светот се дело на скулпторот Џејсон Тејлор.rn
13. „Инволуција“
rn
rnrnДруг претставник на дигиталната уметност е Чед Најт. Тој ги поставува своите виртуелни скулптури на позадина која е близу до реалноста. Тоа го прави толку умешно што сликите изгледаат како да оживуваат.rn
14. „Али и Нино“, Грузија
rn
rnrnКреацијата на оваа динамична скулптура е инспирирана од љубовна приказна. Фигурите се во вечно движење: Прво еден кон друг, па стануваат едно и на крај се разделуваат по неизбежното раскинување.rnrnПогледнете ги и овие прекрасни скулптури направени од книги.